Фирмата НАБА ЛИНЕ е формирана во 1993 година, со главна дејност производство на салвети изработени од висококвалитетна 100% целулозна хартија.
Со постојано инвестирање и истражување на пазарот за новитети, започнавме и со производство на висококвалитетна алуминиумска фолија и стреч фолија, кои заедно со салветите наогаат примена највеке во нашите домови, ресторани, хотели, кетеринг сервиси и сл.
Со долгогодишната работа создадовме имиџ на препознатливост на пазарот со производите под брендот НАБА.
Нашата мисија како лидер во овој сектор е да се обидеме да ги одржиме клиентите задоволни со квалитетни производи, капацитетот на производство и навремена испорака на истите.